Пејачката Александра Пријовиќ вчера имаше посебна причина за славење.
Регионалната музичка ѕвезда го прослави својот 29 роденден.
Пријателите, обожавателите и членовите на семејството јавно и го честитаа роденденот на Прија преку социјалните мрежи.
Сепак, посебни емоции предизвика честитката на нејзиниот татко Недељко Пријовиќ.
Тој сподели заедничка фотографија и ѝ се обрати на ќерката со емотивни зборови:
– Среќен роденден Александра, тато те сака – напиша Недељко во описот на заедничката фотографија. Во оваа прекрасна прилика зборуваше и нејзината мајка Борка Михајловиќ.
View this post on Instagram
-Иако си за една година постара, секогаш ќе останеш мое девојче во моето срце. Ти посакувам се најдобро, среќен роденден драга моја – напиша Борка, а честитките се редеја под сликата.
Роденденот на Александра јавно и го честитаа и бројни колеги, меѓу кои и Илда Шаулиќ, Лепа Брена, Андреана Чекиќ, Јана Тодоровиќ, Милица Тодоровиќ и многу други.
фото: printscreen/instagram