Популарната македонска музичко-брачна двојка, Новица Василевски и Татјана Лазаревска редовно имаат причина за насмевка, музизика, весела и позитивна атмосфера дури и кога кај нив нема повод. Но, кога навистина го има, тогаш убавото на душа и тоа како им е на ниво.
Неодамна, поточно во месец јануари прославија 10 години јубилеј откако живеат во Австралија, а сега причина за радост, среќа и мераци, а богами и за трошње пари, беше роденденот на нивниот син Петар кој наполни 21 година.
Мама и тато решиле порано да го изненадат за роденденот со тоа што годинава се одлучиле за специјален подарок – му купиле автомобил, кој веројатно му е и првиот личен.
-Ран роденденски подарок! Изненадување! Среќен роденднде сонце наше Петар 21… Од нас толку од Господ повеќе. Те сакаат тато , мама и Стефан, напиша Татјана во описот на објавата од која преку фотографии и видеа го долови моментот.
Инаку, Петар и Стефан веќе се големи момчиња. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“, а на Стефан најомилен му е австралискиот фудбал кој многу го сака и во фудбалот постигнува одлични резултати.
Татјана и Новица и синовите важат за среќно и хармонично семејство кое е богато со пријатели, како во Австралија, така и во Македонија каде редовно со задоволство се враќаат.
фото:Facebook/ Tatjana Lazarevska