Промотер

Таско за Велигден понуди сопствено – “Воскресение“ (ВИДЕО)

Таско за Велигден понуди сопствено – “Воскресение“ (ВИДЕО)

Христијан Тасковски Таско веќе некое време јавно зборува за тоа колку биле тешки и порочни неговите последни години од животот, но и дека веќе неколку месеци живее поразлично – без искушенија, без работи што му го поматувале умот во минатото, фокусиран на семејството, на себе, на еден поубав и помирен живот.

Откако неодамна излезе песната „Листот“ во која само ја начна содржината на своите внатрешни борби и демони, токму на Велигден, еден од најголемите христијански празници, тој промовираше нова песна, насловена „Воскресение“.

„Мојата нова песна „Воскресение“ е повеќе од музика – тоа е лично сведоштво за падот, болката, и повторното раѓање. Оваа песна зборува за битката со внатрешните демони, за ослободувањето од зависности, и за патот кон светлината.


Но најмногу – зборува за моментот кога животот ти носи најголемиот благослов – да станеш татко. Тоа беше моето вистинско воскресение. Од изгубено момче кое трага по смисла, се претворив во маж кој носи одговорност, љубов и стабилност.


„Воскресение“ е химна за сите што поминале низ мрак, но одлучиле да не останат таму. За сите што се преобразиле низ љубовта – особено преку татковството – и научиле што значи да се биде вистински жив – споделил  Таско на својот Инстаграм во најавата за песната.

Музиката, текстот и миксот се комплетно авторско дело на изведувачот, а песната е дел од големата приказна за себе што Таско сака да ја раскаже и сподели со публиката, а ќе биде заокружена со албум.

To top