Радио Милева „доста време ерген одев“

Свадба се спрема: Пејачот на „Некст тајм“ една година по свршувачката официјално се жени

Свадба се спрема: Пејачот на „Некст тајм“ една година по свршувачката официјално се жени

Тинеа, девојката со необично име која му го украде срцето на пејачот од „Некст тајм“, Стефан Филиповски наскоро ќе биде невеста и ќе му стане сопруга.

Во семејството Филиповски свадба се спрема, овој пат за Стефан и Тинеа…

Кај браќата од дуото „Некст тајм“, Мартин и Стефан, љубовта на далечина се покажа како најсилна, и најуспешна ако се гледа исходот од крајниот резултат- бракот.

Откако Марин се ожени со ракометарката Андреа и стана татко, сега повторно ќе се слави и ќе се пее, пие и оро ќе се вие за Стрфан и неговата сакана Тинеа кои  откако пред една година се свршија, сега  се решени статусот свршеници да го заменат со  сопружници.

Вљубените гулапчиња моментално се на одмор на море, а зетот новите летни фотографии кусо ги опиша вака:

-Краток одмор пред да се женам, хахаха, напиша тој каде позира сам и со идната сопруга.

За потсетување, Стефан и Тинеа беа три години во врска на далечина зашто таа живее во Виена.

Невестата  има српско-хрватско потекло, а љубовта на далечина за нив очигледно не претставуваше никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите.

Е сега која адреса  ќе ја изберат за заеднички живот, односно кој на чија територија ќе замине, останува да видиме, но затоа потоа, сега на ред е свадба!

фото:фото: Instagram printscreen/ stefan_filipovski

To top