Сузана Манчиќ на почетокот на февруари годинава ги оперираше очните капаци, а пред неколку вечери на првото појавување во јавноста оттогаш ги покажа резултатите од зафатот.
Познатата „лото дама“ се појави во срцето на српската престолнина пристојно облечена, во црн фустан и нежно сино сако, а она што сите го забележаа е колку таа сега изгледа посвежо и помладо.
Секогаш насмеаната русокоса сега делуваше уште посреќно, а во оваа прилика несебично им подели бакнежи на насобраните медиумски екипи. Да потсетиме, откако пред неколку месеци „легна под нож“, Сузана Манчиќ зборуваше за Информер.
– Готово е! Направив корекција на горните очни капаци. Сè помина совршено. Не се плашев, но немаше ни причина за такво нешто. Допрва ќе ги видиме резултатите. Ви благодарам за грижата“ – изјави тогаш Сузана Манчиќ за која сега велат дека изгледа како сама себе си да се родила.
Фото: Instagram/suzanamancicofficial