Радио Милева музика и мода

Сузана Гавазова и Теа Трајковска: Моќен моден впечаток на сцената но и на Инстаграм

Сузана Гавазова и Теа Трајковска: Моќен моден впечаток на сцената но и на Инстаграм

Познатата македонска фолкерка Сузана Гавазова  го одржа својот неодамнешен настап во Хановер, каде привлече големо внимание со својот беспрекорен изглед.

Пред публиката таа добро се подготви и блесна во долг, тесен фустан со шлиц кој едната нога ѝ ја открива во целост.

Фустанот е богато украсен со конци кои додаваат динамичност и посебен шарм, а пејачката мајсторски го носи овој впечатлив стајлинг.

Во моден дух, на Инстаграм се појави и младата пејачка Теа Трајковска, која е позната по честите трансформации на својот изглед. Таа сега сподели фотографии од себе,  додека носи краток фустан обвиткан со конци, што јасно го рефлектира стилот на познатата фолкерка, но со допир на нејзината младешка свежина и индивидуалност.

Така Теа го надополни својот изглед со модерен стил, оставајќи силен впечаток на „Фешн вик“ ревијата во Скопје, слично како и фолкерката на нејзиниот настап во странство во исто време. Нивниот избор само  одразува како пејачките  можат совршено да се надополнуваат  и во модата и музиката.

Ова не е моден дуел  меѓу нив, туку она што во исто време се одлучиле за сличен израз во стилот, а со нивниот моден впечаток не само што привлекоа внимание на сцената  и во живо, туку и на социјалната мрежа Инстаграм.

Настапот на Сузана Гавазова во Хановер и модниот избор на пејачката Теа Трајковска  на „Фешн вик“ во Скопје покажуваат дека модните стилови се во постојан развој и се изнспирација за многумина.

Фото: Printscreen/Instagram/

To top