Радио Милева љубов на далечина

Стефан од „Некст тајм“ и неговата љубена Тинеа слават: „Те сакам до месечината и подалеку“ (фото)

Стефан од „Некст тајм“ и неговата љубена Тинеа слават: „Те сакам до месечината и подалеку“ (фото)

Браткото дуо „Некст тајм“ неодамна занина по вторпат на австралиска турнеја каде уште од почетокот на месец април настапуваат под полна пареа со концерти пред дијаспората во Сиднеј, Волонгонг, Голд Коуст, Мелбурн, а последниот концерт им е закажан за 27-ми во Перт.

Полна сала, распеани грла и доживување кои тие и публиката го ќе го паметат.

А кога публиката ја сака музиката, тогаш разбирливо е љубопитноста за нешто повеќе од приватноста на близнаците да биде присутна.

Тие не се од оние што го кријат својот приватен живот како змија нозете, па оттука не ретко можеме да ѕирнеме во нивното секојдневие надвор од сцената.

Мартин минатата година заплови во брачните води со саканата Андреа, додека Стефан исто така е исполнет на љубовен план со неговата девојка Тинеа со која сега имаа повод за славење и споделување емоции и јавно.

-Те сакам до месечината и подалеку, му напиша Тинеа по повот тригодишнината од нивната љубов, а ни тој не остана покус:

-Во животот има убави нешта , за тој што знае да живее!!!, ја опиша својата љубов на една од заедничките фотографии.

Инаку, Тинеа живее во Виена и има српско-хрватско потекло, а љубовта на далечина за нив не претставува никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите.

Мартин рипна во тавче, а дали големата љубов на Стефан ќе заврши со брак, времето ќе покаже.

фото: Instagram printscreen/ stefan_filipovski

To top