Радио Милева повеќедецениско ривалство

Сталоне откри нови детали за конфликтот со Шварценегер: „Навистина се презиравме“

Сталоне откри нови детали за конфликтот со Шварценегер: „Навистина се презиравме“

Силвестер Сталоне откри нови детали за повеќедецениското ривалство со Арнолд Шварценегер, признавајќи дека нивниот конфликт во осумдесеттите бил толку интензивен што го доживувал речиси како прашање на живот и смрт.

Актерите, кои денес се пријатели, со години се натпреварувале за истите филмски улоги, а Сталоне нивниот тогашен однос го опиша како отворено непријателство. Во разговор за „The Sunday Times Magazine“, актерот направил паралела меѓу нивното ривалство и конфликтот на Илон Маск со компанијата „Тесла“.

„Имам чувство дека кај Маск постоеше некаква нечистотија. Тоа го гледате кога тргна против „Тесла“, таму постои некоја жестина. Смртен непријател“, рекол Сталоне.

Потоа објаснил дека имал сличен однос со Шварценегер.

„Бев ист таков со Шварценегер. Бевме еден на друг за врат, и тоа како. Не беше шега. Беше како живот и смрт. Требаше да бидеме заедно во римскиот Колосеум.“

Тој додал дека токму поради ривалството си биле потребни еден на друг.

„Тоа е како кога еден борец го навредува другиот, па овој ќе тренира толку многу за да го победи. Си бевме потребни еден на друг, апсолутно“, нагласил Сталоне.

Нивниот конфликт започнал во 1985 година, кога Шварценегер веќе стекнал голема популарност благодарение на филмовите „Терминатор“ и „Командо“, додека Сталоне зад себе го имал успехот со филмот „Рамбо: Прва крв“.

Сталоне зборувал и за тоа колку лош бил нивниот однос во тоа време.

„Навистина се презиравме. Едно време не можевме да поднесеме ни да бидеме во иста галаксија.“

По 20 години ги закопале воените секири, а некогашните ривали подоцна заедно глумеле во четири филма. Сталоне во 2023 година учествувал и во документарецот на „Нетфликс“ за животот на Арнолд Шварценегер, каде што признал дека неговиот некогашен „смртен непријател“ имал предност кога се бореле за филмски улоги.

„Беше супериорен. Едноставно, ги имаше сите одговори. Имаше тело. Имаше сила. Тоа беше неговиот карактер“, рекол тогаш Сталоне.

foto: printscreen/instgaram/officialslystallone/schwarzenegger

To top