Марко Булат не крие дека животот не бил љубезен кон него, а една од најтешките ситуации била онаа во која предвреме се родила неговата ќерка.
Лекарите со месеци се бореа за нејзиниот живот, а пејачот сега се присети на траумата и откри како се справил со неизмерната болка.
– Чекав 12 години за дете. Доротеа се родила предвреме, па три месеци била во инкубатор. Беше прашање дали таа ќе остане жива. Сè беше во Божји раце. Постојано велев: „Боже, ти ја даде, те молам не ја одземај“. Таа е родена со само 900 грама – изјави Марко.
По раѓање, девојчето било на одделот за неонатологија, а Марко постојано комуницирал со главната сестра.
– Дежурната медицинска сестра ми рече: „Прашање е дали ќе ја преживее ноќта“.
По неколкумесечна борба, исходот беше позитивен.
– Ми олесна кога видов дека се’ е како што треба. Помеѓу втората и третата година ми стана полесно, бидејќи тогаш видов дека се формира како дете, почнува да оди и да зборува – изјави Марко за „Скандал“.
фото: Printscreen/instagram/bulat.marko