Радио Милева горда мајка

„Среќна 11 – ка среќо моја“: Наследникот на Андријана Јаневскa славеше роденден

„Среќна 11 – ка среќо моја“: Наследникот на Андријана Јаневскa славеше роденден

Гордоста и среќата се целосно присутно во домот на познатата пејачка, инструменталистка и професорка Андријана Јаневска – една од важните музички фигури на македонската сцена. Со својата виртуозност на виолината, моќниот вокал и посветеноста како професорка таа остава траен печат во македонската музика, промовирајќи традиција и современост.

Изворот на оваа прекрасна атмосфера сега е нејзиниот помал син Кристијан, кој вчера го прослави својот роденден. Кристијан, веќе не е мало момче. Тој наполни 11 години, а гордата мајка, му посака среќен роденден директно на социјалните мрежи.

„Среќна 11-ка, среќо моја“  – напиша талентираната музичарка на Фејсбук, споделувајќи неколку топли фотографии од Кристијан заедно со неговиот брат Димитар, како и со другарчињата.

На фотографиите Кико позираше пред роденденската торта, а она што најмногу привлече внимание беше изборот на принтот на тортата – виолина. Точно како омилениот инструмент на неговата мајка.

Гените очигледно играат голема улога, па така е и во семејствот на Јаневска, каде се потврдува дека музичката страст се пренесува од генерација на генерација.

Од бракот со музичарот Гино, Андријана ги има двата синови – Димитар и Кристијан со кои се гордее бесконечно. Инаку Андријана е меѓу активните пејачки на социјалните мрежи и често споделува фотографии од нејзиниот богат музички живот.

Foto: print screen/Instagram/Andrijana Janevska

To top