Пејачката Тамара Тодевска е активна на социјалните мрежи, па често со своите следбеници споделува што има ново од професионалниот но и од приватниот живот.
Таа овој пат ја наполни нејзината приказна на Инстаграм со фотографии по повод роденденот на нејзината наследничка Хана која на 29 ти април, наполни осум години.
„Среќен роденден, љубов – Хана нашата принцеза“ – стоеше на една од роденденските фотки кои ги објави пред следбениците, на која пејачката позираше со ќеркичката славеничка и синчето кои седеа во скутот на нејзиниот сакан.
Во кусите приказни се нижеа и бројни честитки од нејзините пријатели а, меѓу нив се најде и честитката од нејзината сестра, познатата пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ која постави ретро фотографија како потсетување од времето кога Хана беше бебе.
фото: printskrin/instagram/tamaratodevska