Тамара Тодевска и незиниот сакан, архитектот и дизајнер на ентериери Лука Радовиќ, не пропуштаат ниту еден заеднички момент, везден заедно, а ако судиме според нивните зачестени објави на Инстаграм, на пејачката и архитектот им цвета во љубовта.
Веќе и децата на Тамара се зближија со момчето на мама, беа на заеднички одмор на море, а времето и просторот за уживање сами максимално го користат од дружби со пријатели, до алтернатливни авантиури во природа и слично.
Она што Тамара и Лука сакаат да го прават заедно е гледањето серии. Вгнездени удобно пред телевизија, вљубените гулапчиња имаат омилена серија која не ја пропуштаат за ништо на светот.
Ама кога едниот има обврска, а другиот пак слободно време, предизвикот на оној слободниот е да пушти епизода понатаму, иако другиот го нема… Тогаш приказната и балансот се изместува, а во случајот онаа која заостана беше Тамара.
Лука седнал да гледа сам, а Тамара ова го опиша како ситуација „за на инфузија“.
Сега им треба време за повторно спојување на иста фреквенција, а каде ќе се пресретнат и дали Тамара ќе му постави ултиматум си знае самата…
фото: Instagram printscreen/tamaratodevska