Сопругот на Хелена Топаловиќ, Драган Алексиќ, е богат бизнисмен кој поседува 20-катница во Дубаи. Сопругата ја опсипува со скапи подароци, а се труди што почесто да останат заедно на егзотичните дестинации на кои ја води.
Пред бракот со Хелена, Драган беше во брак со Јелена Димитријевиќ, поранешна водителка на телевизијата „Хепи“, со која има дете.
Таа еднаш откри дека не е во добри односи со таткото на нејзиното дете и дека не ја интересира бајката што ќерката на пејачот Милан Топаловиќ – Топалко ја прикажува на социјалните мрежи.
„Подобро никогаш да не користат фотографии и видеа од моето дете на социјалните мрежи, бидејќи тие ќе одговараат пред законот“ – изјавила Јелена во една прилика, а потоа открила како го прифатила сознанието дека нејзиниот поранешен сопруг се оженил со Хелена.
„Јас ништо не прифатив… Таа го прифати него и тој ја прифати неа, а мене тоа не ме интересира. Не трпам грдо и недолично однесување на татко кон детето. Тоа не го прифаќам од ниту една страна“ – изјави тогаш таа.
View this post on Instagram
Фото: Истаграм/_jelena_dimitrijevic