Убавата и згодна ракометарка и сопруга на гитеристот од „Некст тајм“, Андреа Белеска, наскоро ќе се оствари како мајка и со Мартин ќе станат родители за првпат.
Тие бројат ситно до големиот ден кога во раце ќе го земат нивното чедо, а љубовта ќе добие нова димензија.
Дотогаш, нештата одат по нормален терк, па идните родители иако се пред голем чин, не пропуштаат ништо кое им стои во агенда.
Па така, овој викенд беа поканети како гости на свадба за која идната мама се „скоцка“ по дизајнерска замисла, односно ангажираше дизајнер да го скрои совршениот модел за неа, а така и излезе, дури веројатно и подобро од очекуваното.
Андреа иако со стомак до заби блесна во беж минималистичка тоалета со впечатлив делаљ од карнери во предниот дел, а шлицот до колкови дополнително ја нагласи нејзината фигура и сексапилот кој го поседува.
Едноставна, но ултра впечатлива со совршен сведбен изглед за трудница.
Инаку, Мартин и Андреа неодамна беа на летен одмор во Шпанија, а ракометарката до последно е активна и под полна снага во секој миг.
За потсетување, Мартин ја побара раката на Андреа во септември 2022 година на неговиот роденден, а се венчаа минатиот месец јули, полот на бебето кое доаѓа веројатно ќе го откријат кога ќе дојде на свет, а тоа е наскоро.
фото:Instagram printscreen/ bl.andrea