Радио Милева најсреќни

Сопругата на хармоникашот се породи: Аца Софронијевиќ стана татко

Сопругата на хармоникашот се породи: Аца Софронијевиќ стана татко

Хармоникашот Александар Софронијевиќ и неговата сопруга Косана денес(07.Април) станаа родители на девојче.

Сопругата на Александар Софронијевиќ роди здраво девојче, а по породувањето, и мајката и бебето се чувствуваат одлично.

Софронијевиќ претходно зборуваше за моментот кога дознал дека неговата сопруга е во поинаква состојба.

– Тоа е неверојатен момент, многу се сакаме, едвај чекаме да станеме родители, благословени сме, пресреќни сме, тоа е момент што ќе го паметиме цел живот. Кога го слушнавме првото чукање на срцето, бевме на одмор во Хрватска, не можев да поверувам, како Бог да ме допре и да ме погали по главата. Ги пуштив солзите, неверојатен момент, најголем благослов и едвај чекам да станам татко – рече тогаш Софронијевиќ.

Патем, музичарот и неговата сопруга неодамна открија дека ќе ја крстат својата ќерка Ангела или Лена, а наскоро ќе дознаеме за кое име се одлучиле.

фото:instagram printscreen/sofronacc

To top