Имаме ли фатални мажи и жени на македонската јавна сцена е прашањето кое го постави водителката на емисијата „Нешто конкретно“, Снеже Велков на кратките приказни на Инстаграм каде што е активна и има голем број на следбеници.

Иако на кратко се изненади од одговорите кои беа во контекст на тоа дека „се во едно нема“, подоцна се појавија и одговорите на кои јасно се гледаше дека не е така.
– Неверојатно дека сите одговори ви се во овој контекст … Стварно немаме фатани мажи и жени ? – напиша таа, иако при тоа не објасни дали се фатални зашто се неизмерно опасни или неодоливо пожелни?

Сепак, нејзиното „стори“ за брзо време обилно се исполни, а омилените личности од обожавателите добија доста пофални зборови.
Не е тешко да претпоставите за кои наши познати личности станува збор, а дел од нив експресно ги споделија одговорите и на нивните профили.
– Елена Ристевска, убава харизматична, добар вокал, свој бизнис – кажаа за пејачката.

Меѓу одговорите за најфатални се најде и пејачката Викторија Лоба.

Во тој ред ја ставија и македонска ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија Татјана Стојановска.

Миа Костова, дефинитивно – беше еден од одговорите.

Брачниот пар, пејачката и харфистка Сара Мејс и радио водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски.

Како и македонскиот актер Сашко Коцев.

Дали се согласувате и вие со овие одговори секако е индивидуално, но од повеќето од посочените, овие личности се меѓу најфаталните од јавната мак сцена.
Фото: printskrin/instagram/velkovsneze




