Македонската екс ТВ водителка, а сега една од најпознатите Македонки Инфлуенсерки, Миа Костова ја пополни приказната на Инстаграм со момент во кој доживеала непријатност.
Таа секогаш успева да го привлече вниманието и тоа не е секогаш кога е она најпозитивното што и се случило.
Миа сега направи „репортажа“ во која откри дека додека чекала на аеродромот во Виена смрзнала до коска па се пожали пред следбеници.
Секако од тоа што ја снајде извлече и поука па напиша и на фотката за да не се изненадиме каква следен пат ќе ја видиме облечена на аеродром:
– Уште една потврда дека на аеродром се оди во монтка и скијачко одело. Смрзнав – се пожали таа додека сонуваше за топла облека.
Иако не е зимски период таа сепак за следниот лет ќе се подготви како што треба, а во меѓувреме, сподели уште една фотографија на која многу луѓе забележаа дека освен што смрзнува по аеродроми таа го смрзнала и нејзиното лице, нешто за кое воопшто не се далеку од вистината , бидејќи ја напиша и годината.
– Колку си се сменила, напиша таа и ги предизвика следбениците и тие да си поиграат со тоа и да проверат дали остареле.
Важно Миа, откако искористи една од апликациите на Инстаграм преку која сподели колаж фотографии докажа дека и нејзиното лице е смрзнато и непроменето подолг период со што таа се гордее.
А дали е до нејзините одлични вешнини и со фотошоп апликацијата , естетичарот или мајката природа одлучете сами.
фото: printskrin/instagram/miadria