Не можат да се смират страстите околу дуетската песна „Инфаркт душе“ на Дара Бубамара и Жељко Николиќ. Откако пејачката неодамна го обвини Слоба Радановиќ дека и ја украл песната, сега на Јутјуб се вжештува нов скандал. Овој пат поради спот.
Дара, Жељко и нејзиниот тим соработници останале без инспирација, па речиси до последен детаљ го копирале спотот за дуетската песна на Џенифер Лопез и Малума од 2020 година.
Во ова видео, шпанскиот музичар Малума глуми детектив кој ја заведува Џеј Ло и завршува во кревет со неа. Во текот на ноќта, специјални агенти влегуваат во луксузната вила во која спијат и ја земаат Џенифер од кревет директно на испрашување. Во станицата ја сослушува Малума во панцир…
View this post on Instagram
Идентични сцени во спотот има и Дара, која влезе во улогата на Џеј Ло, додека Жељко во улога на Малума. Единствената разлика што може да се забележи е во стајлингот на светската пејачка и балканската ѕвезда, но и по боите кои Бубамара ги одбрала покажуваа дека таа инспирација ја нашла во споменатото видео.
Дара беше во скандал за песни со уште неколку свои колеги, а кога ќе ги погледнете двата спота ќе сфатите за што сега станува збор.
фото:instagram printscreen/ darabubamara_official