Радио Милева „Бен“

Симпатична реакција на Џенифер Лопез поради името на еден обожавател (видео)

Симпатична реакција на Џенифер Лопез поради името на еден обожавател (видео)

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покани обожавател на сцената на концерт во Лос Вегас. Нејзината реакција кога тој ѝ кажа дека се вика Бен ги насмеа сите.

„Како се викаш?“, го праша таа, на што тој одговори: „Бен“. Таа рече: „Бен? Ах. Дојди овде“, и се расплака од смеа. Го зеде за рака и го одведе зад сцената. Клипот го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

„Таа е кралица“, „Оваа реакција воопшто не нè изненадува“, „За неа, само Бен влегува во игра“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ioannis Beratis (@johnjlover)

Џенифер Лопез и Бен Афлек првпат беа во врска од 2002 до 2004 година. Тие ја обновија својата врска во 2022 година и се венчаа една година подоцна. Сепак, нивниот брак не траеше долго. Таа поднесе барање за развод во 2024 година.

Ова не е прв пат Лопез да се шегува за своите минати врски. Порано овој месец, таа го спомена својот поранешен сопруг Марк Ентони.

„По мојот трет развод, тогаш навистина почнав да станувам подобра во тоа“, се пошегува Лопез за својот брак со порториканскиот пејач, од кого се разведе во 2014 година.

Foto:printscreen/instgaram/johnjlover

To top