Лице в лице

Симона Поповска во „Ништо лично“: „Не сум од оние пејачки што ќе излезат на Инстаграм за да се пофалат дека утре прават свадба!“ (ВИДЕО)

Симона Поповска во „Ништо лично“: „Не сум од оние пејачки што ќе излезат на Инстаграм за да се пофалат дека утре прават свадба!“ (ВИДЕО)

Во последното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“,   поткаст гостинка беше охриѓанката со скопска адреса на живеење, поп пејачката и лекарка со  докторска диплома по дерматологија и естетска медицина, Симона Поповска.

Таа зборуваше за своите почетоци, детството во Охрид и тинејџерските години во Скопје, за детските фестивали и оние за за возрасни, за „малата и голема“ Евровизија, за изборот на песните и соработниците, за видеоспотовите, релациите со колегите на естрадата, за „музичкиот брак и развод“, но и втората шанса огледана во тукушто возобновената соработка и идните настапи  со ДЈ Ерик Фокс…

Зборуваше и за видеоспотовите и за имиџот и изгледот, за естетската медицина и хирургија, за пластичните операции и сите можни естетски зафати и вградување импланти, за сопругот, семејството, мајчинството и двете дечиња… За сето она што повеќе, помалку или воопшто не сте го знаеле за Др. Симона Поповска која мешу сето останато во    „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски беше прашана и за тоа зошто многу малку  ја споделува приватноста, па оттаму вод јавноста ја криеше и врската, датумот на свадбата, бременоста и со првото и со второто детенце… на што пејачката одговори:

„Јас не сум од оние што сакаат да ја споделуваат приватноста. Ништо вам нема да ви се промени ако знаете што ми се случува мене во мојот личен живот. Она што го пласирам во јавноста е она по што сакам луѓето да ме знаат, а тоа е мојата музика. да им се допаѓам како личност заради мојот приватен живот – тоа не го сакам! Не сум од оние што ќе излезат на Инстаграм и ќе кажат утре правам свадба! Откако тоа ќе се случи-можеби да!  Впрочем, вие избирате кој маркетинг го сакате“ – одговори Симона кога е начинот на кревање на популарноста во прашање.

Ова можете да го најдете на 19:20 минути во видото со поткастот, кој пак целиот можете да го погледнете во продолжение, а него како и сите други досегашни изданија на „Ништо лично“ ќе ги најдете   во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (.

 

To top