Радио Милева Напишал околу 300 песни

Шабан Шаулиќ е автор на бројни хитови, дали би погодиле дека ги напишал и овие песни?

Шабан Шаулиќ е автор на бројни хитови, дали би погодиле дека ги напишал и овие песни?

Шабан Шаулиќ е познат како пејач со исклучителен глас, но беше автор и на бројни хитови без кои неговите колеги немаше да имаат успешна кариера.

Шабан Шаулиќ, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во 2019 година, покрај бројните хитови кои ги испеа и остави зад себе, за многу свои колеги напиша песни кои денес се евергрин.

Во текстовите што ги напишал забележлив е исклучително емотивен тон. Пејачот во една емисија зборувал за тоа:

– Тоа беше време кога се радував на секоја убава песна, секој успех на моите колеги беше и мој успех. Песните го следеа моето расположение, многу од текстовите ме погодија како да се мои, мелодиите спонтано извираа од доброто друштво и атмосфера – изјавил Шабан во радио емисиите.Во еден сараевски паб открил голобрадо  момче Јашар . А потоа  Шабан за Јашар  Ахмедовски компонирал триесетина песни: „Ружо моја најмили цвете“, „Судбина је моја у рукама нјени“, „Кад одрастем женичу те“, „Да ли си слободан вечерас“, „Цео град је плакао за нама“, „Војнички дани“, „Од погледа до пољупца“ „Свирали су две гитари“„Због нје“, „Врати се“ и други…

 

Инаку, Шабан компонираше околу триста песни за своите, машки и женски колеги.

фото: printskrin/instagram/sabanofficial

To top