Радио Милева љубовно лекување

Сезиозната повреда го врза Лозано во кравет: Пејачот сега има специјален неговател во домашни услови

Сезиозната повреда го врза Лозано во кравет: Пејачот сега има специјален неговател во домашни услови

Поп- пејачот Влатко Лозаноски – Лозано вчера (27-ми април, понеделник) ги загрижи своите фанови и следбеници, кога сподели фотографија од повредената нога, а до неа патерици кои ги добил по серионата повреда.

Лозано ќе мора неколку месеци да се стави на пауза од многу нешта, како приватно, така и професионално, зашто како што напиша и самиот, за опоравување и заздравување ќе му треба повеќе време.

-Моите нови пријателчиња за следниве неколку месеци, напиша Лозано во прилог на фографијата од повредената нога додека го превезуваат во автомобил, дополни Лозано за повредата која ја добил играјќи фудбал.

Еден ден подоцна, пејачот повторно се огласи на Инстаграм, овој пат во домашен амбиент легнат во кревет, а во фокус  фотографијата од повредената нога и до неа специјален неговател, домашниот крзнен миленик.

Се верува дека кичињата и мачките имаат посебна моќ за лекување, особено оние душевните состојби, а за Лозано веруваме дека оваа физичка повреда ако ништо друго ќе биде зацелена со љубов.

Секако тука е и синчето Марко на кое без сомнеж ќе му негостигаат поактивните игри со тато.

Со помин нека е!

фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski

To top