Радио Милева Сè тргнало наопаку

Северина проговори за „славниот порно филм“: „Прво помислив на нив, а дури подоцна на мајка ми“ (фото) 

Северина проговори за „славниот порно филм“: „Прво помислив на нив, а дури подоцна на мајка ми“ (фото) 

Во новото интервју за „Глорија“, хрватската пејачка Северина Вучковиќ,  проговори за својот живот и кариера. Најинтересен беше делот во кој таа откри на кого прво помислила во еден од најтешките моменти од нејзиниот живот.

Популарната сплиќанка, меѓу другото, истакна дека нејзините триесетти години ги одбележал нејзиниот порно филм.

Пејачката во интервјуто зборуваше на повеќе теми, но најмногу внимание привлече прашањето за нејзините триесетти.

„Почетокот на моите триесетти го одбележа филмот. Најлошо ми беше тогаш како ќе реагираат моите соученици од средно, како ќе реагираат моите професори. Дури подоцна помислив намајка ми бидејќи секогаш се претпоставува дека мајка ти е со тебе затоа што те познава“ признала Северина.

Таа потоа одговори на уште неколку интересни прашања. На прашањето како е можно уште да не се родила „новата Северина“, таа рече дека тоа никому не би го посакала.

„Навистина не сакам никој да биде новата Северина. Едноставно, сакам сите девојки да сакаат да бидат доктори на науки, учителки, библиотекарки, поети писатели, но не Северина, тоа е тешко училиште“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

фото: printskrin/instagram/

To top