Актерот Сергеј Трифуновиќ пред неколку дена се сврши со својата девојка Исидора Мијановиќ на нејзиниот роденден.
Сергеј Трифуновиќ во неколку наврати јавно покажа дека ужива во љубовта со 24 години помладата партнерка, а нивната врска ја поддржаа бројни колеги и пријатели.
Исидора Мијановиќ по свршувачката се огласи на својот Инстаграм профил и напиша.
„Време е да ви кажам дека се мажам“, напиша Исидора покрај фотографијата а на нејзината рака блесна свршеничкиот прстен.
Нивната врска привлече големо внимание во јавноста, а актерот се огласуваше преку социјалните мрежи каде споделуваше моменти со својата партнерка, но не го коментираше приватниот живот за медиумите.
„Договорот е да не се рекламираме за медиумите. Тој тоа го бараше, но секако дека секогаш ќе те почитувам. Што да кажам. Јас сум многу среќна. Двајцата сме многу среќни. Многу ми е убаво. Уживаме“, изјави Исидора за „Хајп“, а потоа проговори за венчавката:
View this post on Instagram
„Што се однесува до свадбата, моја желба, наша желба е таа да се случи до крајот на годината. Но, сè уште немаме никакви детали. Тие слатки маки сè уште не чекаат“.
Во своето претходно интервју за РТС, објавено пред 11 месеци, Трифуновиќ рече дека за него децата и семејството ќе бидат најголемото достигнување во животот и дека се надева дека неговиот брак ќе се случи.
View this post on Instagram
– За мене би значело да имам семејство, сакам деца, но во ова време кога се’ се распаѓа, па и институцијата брак, не знам кој од моите пријатели останал во брак, да се случеше тоа. За мене тоа би било достигнување. Мислам дека за секого семејството е реалност, мислам не за секого, туку за мнозинството, некако сите, се, но децата – изјави актерот во емисијата „Метаморфози“.
На профилот на Исидора на Инстаграм пишува дека се занимава со продукциска работа, а на споменатата социјална мрежа ја следат над 12.000 луѓе. Од нејзините објави се гледа дека е вљубеник во природата, патувањата и модата.
Атрактивната русокоса, како што се пишуваше, била во врска со поранешниот на пејачката Теодора Џехверовиќ, кошаркарот Нино Челебиќ.
фото:instagram printscreen/ whistler_dick/ isismo