Радио Милева Трифун или Валентин, сеедно...?

Сењорита Мистериоза ќе ви ја објасни дека Денот на вљубените воопшто не мора да го славите, зашто се’ додека не сте во брак, вие сте сингл… само проверете каков!? (ВИДЕО)

Сењорита Мистериоза ќе ви ја објасни дека Денот на вљубените воопшто не мора да го славите, зашто се’ додека не сте во брак, вие сте сингл… само проверете каков!? (ВИДЕО)

Нејзиниот Инстаграм профил го следат дваесет и пет-шест илјади што и не е некоја бројка, ама затоа оваа девојка е неодоливо симпатична иако во нејзините смешни видеа на моменти е мошне саркастична, но секако тотално откачена и необична.

Зад профилот стои една  наша Македонка која се претставува под псевдонимот или уметничко име и е, Сењорита Мистериоза, чии објави колку и да ви звучат на моменти како „чиста дубиоза“,  верувајте дека во зборовите од нејзините  видеа има и тоа како вистина. Па дури да е и само половина, доволно е да ве заскокотка, заинтригира и замисли, дали некогаш сте се пронашле во нејзините „мудри мисли“?

Денот на вљубените е ден кога би требало да царуваат емоциите, а зошто да не и старстите, ама кај оние што го слават Св. Валентин наместо Св. Трифун, најчесто царуваат подароците. Кои секако, најчесто завршуваат во рацете на дамите!

Но, Сењорита Мистериоза е затоа тука, за со време  ви ја објасни дека Денот на вљубените воопшто не мора да го славите, зашто… Се’ додека не сте во брак, вие сте сингл… само проверете каков!?

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa

 
To top