Радио Милева љубовта може и да боли

Семејна хармонија на Егејот: Тамара и Тијана на септемвриска плажа во Грција (фото)

Семејна хармонија на Егејот:  Тамара и Тијана на септемвриска плажа во Грција (фото)

Македонските пејачки и сестри Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ почетокот на септември го резервираа за  одмор на плажа во  едно познато грчко летувалиште после Солун.

На топлите  сончеви зраци  тие одмарале во друштво на нивната мајка Брана како и децата на Тамара, Хана и Дарен, па ја искористија можноста  да се фотографираат и да им покажат на своите следбеници на социјалните мрежи во каква семејна хармонија  уживаат на Егејот.

Тијана позираше во костимот за капење испружена на тераса со поглед кон морето, па кратко и јасно напиша дека оваа релаксацијата  ја доживува како „Зен“ .

Тамара покажа повеќе фотографии  од нивните активности за време на одморот  додека фаќаа боја, но и задоволството  на лицата од позитивната фамилијарна атмосвера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Освен што се било прекрасно, Тамара беше искрена и покажа дека Дарен и Хана понекогаш „баш се сакаат“, нормално, како и сите деца додека растат.

Но, токму и во тоа е убавината на растењето… Иделна хармонија нема ни во филхармонија, а камо ли во една фамилија, каде има мали дечиња. Важно е семејството да е на број, а дечињата среќни во својата игра, во која се учат првите лекции од сакањето, дека… „љубовта понекогаш може и да боли“!

Фото: print Screen/Instagram/tamaratodevska/tijana.dapcevic

 
To top