Сењорита Мистериоза, уметничко име или прекар зад кој стои слатката, синоока „сајз плус“ црнка, чии објави звучат на моменти како „чиста феминистичка фарса“, ако подобро размислите ќе сфатите дека можеби и имаат смисла. Па дури и да не се согласувате со нејзините „довитливи животни ставови“ доволни се за да ве заскокоткаат, заинтригираат и замислат, дали некогаш сте се пронашле во нејзините „практични совети“ и „мудри мисли“?

И така од на ден, од недела во недела мистериозната буцка и тоа како знае „да боцка“ на својот профил на Инстаграм, каде штом се појави веднаш е јасно дека некого ќе развесели, а некого ќе намурти, ама… Тоа е! Или си од нејзина или си контра! Зашто кај „буцкастата убавица“ нема средина! Од секој нејзин став и ново размислување или си фасциниран или остануваш шокиран!
Само што овој последниов шок баеги ја загрижи јавноста… барем онаа која ја следи „вицкасто-луцкастата“ сајз плус црнка!

Зашто најапрвин откако ја снема на седум дена од социјалните мрежи, голем дел од нејзините верни следбеници се загрижи, што тоа се случува со неа, каде ли и зошто мистериозно исчезна „мистериозната госпоѓица“.
Недела дена подоцна, еве ти ја синооката сењорита назад, во свој стил на личниот Инстаграм профил:
„ОК, една недела пауза од Инстаграм и не е така лоша идеја! Добра сум да не ме мислите! Сингл, среќна и помалку луда! ве гушкам сите што ми пишавте, другите небитни“ – јаснио и гласно споделила долгокосата убавица, која само миг подоцна повеќе и не беше тоа!

Имено, веќе во следното клипче на своите Инстаграм приказни, многу жени би рекле дека мистериозната дама „се казни“! Сењорита Мистериоза надвор од сите логики и правила, во живо направи нешто, што ниту една друга жена не би го направила?!

Зашто зад ваква храброст, од прекрасна долга црна коса, за еден миг, во само неколку потези да се избричи главата, мора да стои огромна причина! Дали е АИ трик симулација за да види како ќе реагира јавноста – што не е невозможно, нов моден хир – што е помалку веројатно, желба за кликови и слава – што е речиси неверојатно, тешко љубовно разочарување – што е можно, но не и нужно или не дај Боже некаква сериозна здравствена состојба која изискува ваква ситуација? Нешто што најмалку некој и го посакува!
Засега се’ останува само на претпоставки и нагаѓања со прогноза, дека во првото следно појавување овој шокантен потег ќе го објасни и самата „Сењорита Мистериоза“!?
Фото и водео: Инстаграм/senorita.misteriosa



