Холивудската ѕвезда Никол Кидман (57) ја разбуди фантазијата на многу обожаватели кога објави видео од Франција на Инстаграм пред некоја вечер.
Во видеото, таа позира во трико и гордо ја истакнува својата витка фигура, особено нејзините долги и витки нозе како на балерина.
„Божица“, „Таа беше и останува најубавата жена на светот“, „Кралица на Австралија“, „Секогаш ме потсетуваш колку си навистина убава“, рекоа обожавателите на Никол Кидман од нејзината родна земја, но и од Турција и разни други делови од светот.
View this post on Instagram
Видеото е како сцена од филм, а Никол Кидман напиша во описот: „Со љубов од Франција“. Таа танцуваше на новиот хит на Лорди “What was that”, песна за која многумина ја фалат и предвидуваат дека ќе го одбележи претстојното лето. Таа се потсети и на деновите кога одеше на балет, а тоа е една од тајните на нејзината витка фигура, што на некои луѓе не им се допаѓа, бидејќи мислат дека актерката е премногу слаба.
Изгледот на Никол Кидман е толку пофален колку што е оспоруван, најмногу поради споредбите на нејзините нови и стари фотографии, како оние од 1989 и 1991 година. Актерката, секако, се променила во меѓувреме, но има и такви кои се убедени дека таа не старее природно и како доказ ги презентираат драстичните промени на нејзиното лице, како што се поцврста кожа, коси очи, пополни усни, различен нос… Тие дефинитивно не би се согласиле со оваа изјава од Инстаграм: „Девојко, имаш одлични гени! Коса, нозе, полни усни, рамен стомак, светла насмевка и сладок нос! Прекрасно.“
фото: printscreen/instagram