Радио Милева Молитвата е моќна кога е од срце

Се огласи пејачката Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, префрлен е во Систина, на апарати е, трахеата му е оштетена…

Се огласи пејачката Ребека:  Состојбата на Панчо е влошена, префрлен е во Систина, на апарати е, трахеата му е оштетена…

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вчеравечер се огласи на својот фејсбук профил со нова информација за состојбата на Владимир Блажев панчо. Таа упати апел за молитва за сите останати кои се повредени во трагедијата во Кочани. Ребека објави дека Владимир Блажев,  попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена и тој е префрлен во приватната клиника Систина..

„Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.

Панчо мил, Те молам не се предавај!!!

Владимир е во Систина, префрлен е вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“ – споделила Ребека на својот ФБ профил.

Фото: Фејсбук/Rebeka Jankovska Risteski

To top