Минатиот декември пејачката Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка на кој му го даде името Марио.
Марија во видео клип на Јутјуб сега зборуваше за наследникот кој е центарот на нејзиниот свет, а ја спомена и мајката Верица која не може да ја одвои од малиот Марио.
Имено, Марија пред неколку дена им дозволи на обожавателите да и поставуваат прашања преку Инстаграм, на кои таа сега одговори во споменатиот клип.
Шерифовиќ на самиот почеток откри дека нејзиниот син е посакувано бебе бидејќи спие долго, па таа има време да се одмори, но и да се занимава со некои секојдневни активности.
– Синоќа спиеше 10 часа. Господине, мојот мал господине. Цар. Убаво е да се биде мајка. Тоа е мешавина од емоции. Тоа е уште една постојана грижа, да не му недостасува влакно од главата. Кога ќе дојдам мртва уморна од концерт и ќе го видам, добивам велемоќ – изјави Марија на самиот почеток. Пејачката потоа откри дека нејзиниот син реагира на музиката, и дека најмногу сака брза музика.
– Марио фантастично реагира на музиката. Неодамна малку тажна музика свиреше на Јутјуб и тој се растажи и веднаш потоа му пуштив оро. Но, за нивниот невро систем треба да има лесни мелодии, има некои инструкции за тоа, но тој сака да слуша брза музика, не сака бавно темпо – истакна таа. Шерифковиќ признала дека забележала дека нејзината мајка Верица Шерифовиќ сега повеќе од неа го сака нејзиниот син Марио.
-Таа е луда баба, најлудата баба на светот.. Па бабо, јавен апел, треба да разбереш дека треба да бидеш баба и дека понекогаш треба да си одиш, малку да се одмориш. Вера нема да оди дома, опседната е со него, па мислам дека сега го сака повеќе од мене – се пошегува Марија.
Сите ги интересираше како синот на Марија го добил името, а пејачката сега ја разреши таа мистерија.
– Сакав неговото име да започнува со буквата „М“ и сакав да се вика Макс. Потоа, се разбира, моите селски пријателки рекоа: „Да му дадеш на детето име како куче?“. Поради тајмингот на процесот, документацијата додека бевме во болница, сето тоа требаше да се пополни, дојде една жена и ја праша како се вика. Сите почнаа да размислуваат на буквата “М” и некој рече Марио, а јас само реков: “Напиши Марио!” Се чувствувам убаво. Се надевам дека нема да се срами што се вика Марио, а мајка му Марија. Ми се допаѓа – рече таа.
Конечно, Марија откри дека наскоро планира да го крсти својот наследник.
– Сакам. Многу наскоро се надевам. Само семејството, пријателите и кумовите, сите ние да најдеме време за тоа. Да бевме сите овде. Јас сум имала 40 дена кога ме крстиле во црквата во Крагуевац. Воспитана сум во духот на православието – изјавила пејачката во својот клип на Јутјуб.
Фото: printskrin/instgaram/YouTube