Радио Милева вистински рај за очи

Сè блеска од луксуз: Ѕирнете во јахтата на Лепа Брена од шест милиони евра (фото)

Сè блеска од луксуз: Ѕирнете во јахтата на Лепа Брена од шест милиони евра (фото)

Пејачката Лепа Брена ужива во луксузниот живот со сопругот Слободан Боба Живојиновиќ, а секое лето го поминуваат на јахта која чини шест милиони евра.

Брена и Боба уживаат во шармот на луксузниот живот, исполнет со бројни патувања. Славниот пар ја користи секоја прилика да посети различни дестинации, а кога ќе дојде лето, тоа го прават пловејќи по брегот со својата јахта.

Познатиот пар често ги угостува своите пријатели, а еднаш Брена ја покани и својата пријателка, Мирјана Антоновиќ, која ја искористи приликата да се фотографира од секое ќоше.

Јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања.

Дека Брена и Боба се грижат за секоја ситница покажуваат и брендираните пешкири кои се во бојата на плочките.

– Па, тоа е убав брод од околу 100 стапки, со пет или шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така барем имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го посакував цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. И јас исто така сакам бродови. Секако дека не стигнав да посетам се што сакав – изјави Брена во едно  интервју за „Блиц“.рс

Фото: printskrin/insrtagram/lepabrenaa/Facebook

To top