Пејачката Ана Николиќ неодамна е во фокус на јавноста и медиумите поради своето однесување, но и кавгите со колегите и соработниците.
Сега креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ се присети на првата средба со Николиќ, која не била толку пријатна.
Саша Поповиќ гостуваше во емисија во која зборуваше за бројните соработки со големи имиња на музичката сцена, но откри и како ја исфрлил Ана Николиќ од студиото.
View this post on Instagram
– Ќе ви кажам една анегдота. Беше 2000 или 2001 година, не знам точно кога го отворивме Гранд и правевме десет албуми одеднаш. Тоа беше неверојатно. Доаѓам и на состанокот што го имаше Стоја, таа беше можеби најпродаваната пејачка што се однесува до ЦД-ата и касетите – се присети Поповиќ во емисијата „Шоуто продолжува“ и додаде:
– Влегувам внатре и гледам дека Рале работи со пејач кој никогаш не сум го видел. Велам: „Рале да работиме, да не си луд, која е оваа пејачка овде“. Јас ѝ велам: „Слушај, ајде излези надвор“. Таа излезе од кабината и јас и реков: „Која си ти?!“. Таа ми вели дека еден ден ќе биде популарна, а јас и одговарам: „Никогаш нема да бидеш славна, излези надвор марш“ – рече Поповиќ и додаде дека Николиќ станала позната по една година.
– Ја поканив на Гранд шоу и таа доаѓа и ме потсетува како ми кажа дека ќе биде популарна – се присети Поповиќ.
фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda