Саша Милошевиќ- Маре, композитор и текстописец со блескава кариера, (меѓу останатото, автор на „Молитва“), непромиенливиот член на регионалното музичко талент шоуто за возрасни „Никогаш не е доцна“, ќе биде член и на жирито на годинешното, 31-во издание на„Охрид фест“.
„Драго ми е што сум дел од жирито- вели, Маре- ја сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика а имам и многу пријатели… Да си во жирито е голема одговорност, и таа улогата не е секогаш многу омилена. Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму покрај врвни пејачи има и многу аматери…Но, за мене магија е кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас. Тоа е совршена техника и знак дека некој „ја поминува рампата“. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.“ Инаку, ова не е е прв пат Маре да е дел од фестивалот: во 2007 бил во жирито на „Охрид фест“, истата година кога со „Против срца“ настапи групата „Бјути квинс“.