Радио Милева харфист

Сара Мејс се изненади сама од себе – Пејачката ја сака музиката и сцената но, сега покажа нови вештини (видео)

Сара Мејс се изненади сама од себе – Пејачката ја сака музиката и сцената но, сега покажа нови вештини  (видео)

Македонската пејачка Сара Мејс  честопати истакнува во јавноста колку е задоволна од работата и колку  е исполнета. Таа редовно се огласува на Инстаграм и знае како да им го привлече вниманието на следбениците, па дури и да ги насмее, како овој пат.

На кратката приказна,  пред многубројните фанови таа и сега сподели интересни видеа и покажа како се забавувала пред камерата.

Имено Сара се сними додека „измислува уметност“ и тоа не додека свири на Харфата или пее, туку покажа дека умее и нешто ново, досега непознато –  да „танцува со трепките“.

 

Нејзините објави  секогаш имаат продолжение, па така беше и овој пат. Сара сподели  уште едно интересно и забавно видео, па сега продолжи со „Танцот на локните“.

– Богами што убаво сум се средила –  се пофали пејачката.

 

Но, подоцна повторно потврди дека дефинитивно си ја сака работата и ужива во тоа што го прави  а тоа е да биде „Харфист“.

 

Сара уште еднаш покажа колку ужива во својата работа, но овој пат во онаа вистинската што ја има,  и колку е опуштена. Со забавните видеа кои ги сподели успеа да ги насмее сите и да го разигра денот  и на своите обожаватели.

А, нејзината искреност и позитивна енергија низ секој гест покажува дека музиката и сцената не и се само професија, туку и вистинска страст.

Foto: printscreen/instgaram/sarahmace__

To top