Радио Милева прексрасен момент

Сања Кужет сподели видео од својот едномесечен син и ги воодушеви сите

Сања Кужет сподели видео од својот едномесечен син и ги воодушеви сите

Водителката Сања Кужет (40) пред еден месец го роди својот трет син, а на Инстаграм често споделува фотографии и видеа со наследникот од семејниот дом.

Таа секој ден ужива да биде со своето бебе, а сега со глетката ги воодушеви сите. Сања ги сликала нозете на бебето додека во позадина свири приспивна песна.

– Добро попладне, добри луѓе – напиша водителката во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Инаку, Кужет во медиумите не го експонира својот сопруг Немања Живојиновиќ, кој моментално е маркетинг директор на автосалон, а на прашањето дали го крие од јавноста и зошто лани не се појави во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, таа одговори:

– Не, долго време сме заедно. Се движиме и излегуваме нормално, нема зошто некој некого да крие. Само не мислам дека тој припаѓа во финалето. Тоа е моето работно место и тој навистина никогаш не дошол на мојата работа. Тоа не е ни дел од неговата професија, но кога ќе не видат заедно на некои настани, нема проблем да не сликаат.

фото: printscreen/instagram/sanja_kuzet

To top