Водителката на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет се породи на трети јули и на свет донесе момче, кое нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ и таа го нарекоа Вук.
Поради бременоста Сања мораше да се повлече од малите екрани, а на нејзиното место дојде пејачката Ана Севиќ.
Иако јавноста немаше можност да ја гледа во шоуто чие заштитно лице е, убавата водителка беше повеќе од активна на Инстаграм каде објавуваше слики со трудничкиот стомак.
По породувањето, таа не беше премногу активна и не споделуваше фотографии од својот најмлад наследник до сега.
Имено, Сања сега објави слика без трошка шминка и покажа како ужива со малиот Вук. Кужет лежи на креветот, опуштена, а синот и беше свиткан на градите.
Оваа фотографија ги стопи нејзините многубројни следбеници, а коментарите под објавата почнаа да течат
– „Драга моја“, „Убава“, „Да е здрав и среќен“, „Благослов“, „Прекрасна“, беа само дел од коментарите.
фото: print Screen/Instagram/sanja_kuzet