Сања Кужет на почетокот на годината ја откри најубавата вест – бременоста, поради што се повлече од јавноста и направи пауза за целосно да и се посвети на блажената состојба.
Иако во моментов не ја гледаме на малите екрани, водителката е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и видеа, а сега се појавија и нови објави.
Имено, Сања одбројува до породувањето, поради што нејзиниот колега и пријател Хусо Чобиќ ја израдува со интересен подарок – цуцла со златни детали, со која се пофали, а на фотографиите можеме да видиме како сега изгледа водителката .
Кужет со насмевка на лицето позираше во лелеав фустан, од кој и се гледа стомакот.
Во коментарите имаше комплименти за убавата водителка која наскоро ќе стане мајка по третпат.
Потсетуваме, Сања откако дознала дека е во друга состојба решила да оди на породилно, а за тоа се огласи и Гранд продукција.
– Со гордост може да истакнеме дека нашата водителка Сања Кужет е во друга состојба и дека таа и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ очекуваат син! Со оглед на тоа што е во четвртиот месец од бременоста, Сања нема да ја заврши оваа сезона како водителка на шоуто „Ѕвезде Гранда“, туку ќе замине на породилно каде ќе се посвети на чекање за најубавиот настан! Во оваа прилика и честитаме на нашата убава водителка и нејзиниот Немања и со нетрпение го очекуваме доаѓањето на малиот човек во нашата продукција – се наведува во соопштението на „Гранд продукција“.
фото:Instagram printscreen/husocobic/ sanja_kuzet