Фолк пејачката Сања Цинцева – Барби неделава беше гостинка во ТВ Магазин од утринската програма на телевизија Сител, каде со водителот Валентин Петрески утрински се расприкажаа на доста теми, но најмногу се задржаа на оние емотивните.
Сања беше отворена за вакви разговори кои како да и беа добредојдени за пред камера да се искаже и да биде слушната.

Таа се осврна на тоа што мисли и како од денешна перспектива ги резимира нештата кога блискоста и разочарувањата од луѓето се присутни, особено нанесени од оние од кои најмалку очекувала и безрезервно им верувала.
Соочена со тоа во пракса од минатото, Цинцева вели дека денес си ја има научено лекцијата, па пристапот и е сосема поинаков – резервиран.
-Јас работам работа од која соработувам со секаков тип на луѓе, со секакви карактери, со добри и со лоши луѓе. Проблемот кај мене е што јас никогаш не можам да помислам дека противникот ќе мисли нешто лошо, или дека јас не мислам така, мислам дека и противникот не би го мислел тоа. Меѓутоа сум се лажела доста време и ете некако работата, искуствата ме натераа да почнам да размислувам малку поинаку. Едноставно да не мислам дека сите луѓе се добри и да не верувам. Јас многу верувам. Многупати сум била навредена, повредена, изманипулирана од луѓе кои биле мои соработници, блиски… кажа пејачката.
Довербата, искреноста, позитивната енергија, не ретко се тема на разговор кога Барби е гостинка пред камерите на македонските медиуми, зашто како што вели, тие се приматот на нејзиното продуктивното професионално функционирање.

Но неретко е тука да го каже и се’ она што не и се допаѓа, особено завидливоста и љубомората околу кои не сака да биде присутна, особено не кога е меѓу колегите од естрадата за што и претходно зборуваше јавно.
фото:Instagram printscreen/tvshow_magazin and sanjacincevaa




