Радио Милева среќен

Роденденска забава за малиот Никола: Синот на Мими и Филип Нуне наполни две години (фото)

Роденденска забава за малиот Никола: Синот на Мими и Филип Нуне наполни две години (фото)

Музичко брачната двојка Мими и Филип Нуне имаше убав повод за забава.

Нивниот син, малиот Никола кој им ги смени  животите исполнувајќи им ги со многу радост порасна и славеше две години.

Мими на социјалната мрежа Инстаграм ја наполни кратката прикана со фотографии и видеа од забавата со цел да ги сподели убавите моменти и со следбениците, бидејќи едноставно не постојат  зборови со кои може да ја опише веселата атмосфера.

Од приложеното се гледа дека тие се потрудиле за се да изгледа совршено, и внимавале на секој детаљ за малиот Никола да ужива во својот ден.

Тема на роденденската забава биле омилените животни на наследникот, жирафата и мечето како маскоти и многу балони, а на тортата имало лав и свеќичка со бројот два.

Гордите родители дефинитивно уживале во роденденската забава  која ја организирале на овој важен ден на кој покажаа како расте нивниот голем свет наследникот Никола.

фото: printscreen/instgaram

To top