Мегафон на 1 август на стадионот „Билјанини извори“...

Рита Ора ќе одржи голем концерт во Охрид

Рита Ора ќе одржи голем концерт во Охрид

Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се трансформира, да експериментира и да остане чекор пред времето. Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не само како музичка ѕвезда, туку и како културен феномен со големо влијание врз новите генерации. Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката.

Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во кое музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради која нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакли. Концертот на 1 август во Охрид е во организација на „Прагма продукција“ и претставува значаен чекор во позиционирањето на Македонија на мапата на големите концертни турнеи, како и уште една потврда дека домашната сцена е подготвена за настани од највисок меѓународен ранг. Глобална ѕвезда, светско шоу и една августовска ноќ што ќе има посебно место во музичката историја на регионот.

Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.

Линк: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5735

To top