Познатиот фолк пејач Миле Кузмановски важи за еден од најбараните фолк пејачи на естрадното небо, активен и актуелен со својата кариера и хитовите кои ги има, Миле не ретко е ангажиран на разни настани и прослави.
Периодов е активен со караванот „Македонијо во срце те носиме“, па публикта низ земјава има прилика да го слуша и гледа почесто на голема сцена заедно го колегите.
Миле иако има неколку профили на социјанлите мрежи, кога приватноста е во прашање, не така често знае да се пласира пред очите на јавноста за она што го има и се случува во кругот на семејството.
Но, кога има повод за нешто такво, со радост знаат да споделат некоја ретка глетка од нивното секојдневние.
Овој пат тоа го направи сопругата Јасмина и тоа по повод нејзиниот роденден за кој се собраа на здравица со пријатели и насладување со торта.
Иако во една своја песна Миле пее дека е крал без круна, во реалноста неговата круна се сите четири дами кои ги има до себе- сопругата Јасмина, близначките Јана и Ана и најмалата Ева.
Миле и своето женско засилување ја претпочитаат приватноста и не толку интензивното експонирање, но ниту пак се кријат кои се и што се.
Јана и Ана, близначките на Миле од првиот брак веќе се големи девојки, а малата Ева која ја има од бракот со Јасмина наскоро ќе полни седум години.
Се’ на се’, среќни и исполнети, животот не секогаш е песна, но со насмевка и надеж до секој следен ден, па она што е дадено од Господа да се дочека со радост.
фото:Facebook/ Jasmina Kuzmanovska/ Mile Kuzmanovski Tri