По вчерашниот трет неуспешен обид за негова ликвидација откако му беше активирана експлозивна направа во дворот на неговата семејна куќа, доцна вечерта се огласи Раде Трајковски-Штекли на социјалните мрежи.
Тој на својот Инстаграм профил овој пат понуди размена – парична награда за важна информација.
Според објавата, изгубено е мало кученце кај Ист Гејт Мол, кое околу вратот носи црвено ремче и се одзива на името Скај. Штекли објави дека е подготвен да даде парична награда од 200 евра за секој што ќе го пронајде или ќе му даде информација дека го видел и на која локација, неговото домашно милениче.
Кучето е блиско до семејството, поточно негово, па Штекли не жали да плати на секој еден кои би можел да помогне, да го контактира доколку има било каква информација за изгубеното милениче.
До душа телефонски број нема оставено, а и после се’, тешко дека некој знае на која локација во моментов Штекли се наоѓа, иако… која сака да го најде – ќе го најде!
Фото: Инстаграм/rgruppe26