Пејачката Александра Пријовиќ денес го слави својот роденден, а првата честитка стигна од нејзината мајка Борка Михајловиќ.
Александра Пријовиќ денес го слави својот 30-ти роденден, а по тој повод, се огласи и нејзината мајка Борка Михајловиќ со трогателна порака која трогна многумина.
Имено, Борка сподели фотографија со својата ќерка на социјалните мрежи и ѝ испрати емотивна честитка за роденденот:
View this post on Instagram
„Моја драга ќерко, денес ти е роденден – денот кога Бог ми го даде најубавиот подарок. Денот кога ќе се сетам колку си посебна и колку многу ми значиш. Нека твојот живот биде исполнет со среќа, љубов и успех, затоа што навистина го заслужуваш тоа. Среќен роденден, драга моја. Твојата мајка те сака“, напиша Борка.
Честитките наскоро ги преплавија социјалните мрежи.
Патем, Александра неодамна роди девојче. Таа и Филип Живојиновиќ, кои веќе имаат син, Александар, ја крстија својата ќерка Арија.
фото: printscreen/instgaram





