Пратеникот и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, сподели радосна вест со своите следбеници на социјалните мрежи.
Неговата избраничка Моника Стојаноска кажала „да“ откако ја побарал нејзината рака на која осамна да блеска вереничкиот прстен откако тој ја запросил!
Попов, кој е активен во политичкиот живот, сега го започнува и новото поглавје во својот личен живот, прославувајќи го важниот момент со својата сакана. Тој објави фотографија од запросувањето, придружена со емотивна порака:
„Ја знам отсекогаш, а отсега, ќе ја имам засекогаш! Кажа ДА! “
Веста бргу се прошири на социјалните мрежи, па идната брачна двојка како и самиот Попов доби мноштво пораки во вид на честитки и благослови од нивните другари, пријатели, колеги, сопартијци, поддржувачи.
Фото: Фејсбук/Сергеј Попов