Радио Милева невозможна мисија

Позната екс- српска музичка брачна двојка помагале во изработката на фустан за Бијонсе: „Се работеше во три смени“

Позната екс- српска музичка брачна двојка помагале во изработката на фустан за Бијонсе: „Се работеше во три смени“

Креациите на Борис Карготиќ ги носат многу српски  и меѓународни ѕвезди како што се Мадона и Бијонсе.

Откако ги откри деталите за инцидентот со пејачката Ана Николиќ, како и како Лепа Брена го избрала познатиот „гол фустан“, креаторот раскажа и детали за необичниот процес на изработка на фустани за светската ѕвезда Бијонсе.

– Стилистката која работи за неа ми пиша, барајќи од нас да испратиме скици на темата „Кралот лав“. Во тој момент беше премиерата на овој анимиран филм во кој Бијонсе го позајмува својот глас. По три дена работа, ги испративме скиците. Добивме одговор во рок од 24 часа, таа беше воодушевена, имавме само седум дена да ги направиме фустаните. Ги добивме мерките на пејачката, а тие бараа фустаните да бидат идентични со скиците – рече Карготиќ.

Според него, барањето било речиси невозможна мисија, поради што неговите пријатели му дошле на помош, меѓу кои и Јована Пајиќ и Сале Тропико.

– Работата се работеше во три смени, учествуваа 22 лица. Нема да ги споменувам имињата на сите, но да речеме дека помогна Сале Тропико, кој никогаш порано во животот не држел игла. Работата се одвиваше во 24-часовни смени, сите мои пријатели помагаа, Јована Пајиќ шиеше три смени, мојот доктор го правеше истото. Буквално, луѓето „паѓаа“ од работа – откри кераторот.

фото:Instagram printscreen/ beyonce

To top