Мегафон фестивалски прием...

Поточиња со аудиција за нови членови од 14 до 16 септември во ООУ Лазо Ангеловски

Поточиња со аудиција за нови членови од 14 до 16 септември во ООУ Лазо Ангеловски

Дојде време за уште една АУДИЦИЈА за прием на нови членови на детскиот фестивал Поточиња.

Сите деца на возраст од 5 до 12 години кои сакаат да бидат дел од новото издание ПОТОЧИЊА 2027 потребно е да земат учество на Аудицијата која ќе се одржи на 14, 15 и 16 септември во ООУ Лазо Ангеловски (Ново Лисиче) од 18:00 до 19:00 часот.

Подгответе една омилена песна која ќе ја отпеете и понесете широка насмевка за да се претставите во највесело светло.

Не е потребно претходно пријавување и најава, доволно е да дојдете во временскиот период во еден од наведените термини и да го покажете својот талент. Контакт за информации: [email protected] ; 072 210 660 или во DM/Inbox на официјалните профили на Поточиња на социјалните мрежи.

Со Аудицијата започнува циклусот на подготовки за новото издание ПОТОЧИЊА 2027 кое треба да се одржи напролет догодина.

ФОТО: Поточиња/ПАП продукција

To top