Мегафон

Почина поранешниот фронтмен на култниот бенд „Ајрон Мејден“

Почина поранешниот фронтмен на култниот бенд „Ајрон Мејден“

Пејачот на „Ајрон Мејден“, Пол Марио Деј, почина вчера на 69-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи бендот „Мор“, во кој настапуваше откако го напушти култниот бенд. Причината за смртта сè уште не е објавена.

„Длабоко сме ожалостени од веста за смртта на големиот вокалист на „More“, Пол Марио Деј. Пол беше огромен дел од новиот бран на британскиот хеви метал, од неговото време во раната постава на „Iron Maiden“ до неговиот фантастичен настап на албумот Warhead“, напишаа членовите на бендот на социјалните мрежи, продолжувајќи:

– Тој беше многу обожавана фигура на британската рок сцена и свиреше на многу незаборавни концерти, вклучувајќи го и легендарниот „Monsters of Rock“ во 1981 година во Касл Донингтон со AC/DC, Whitesnake/David Coverdale, како и турнеи со Iron Maiden, Def Leppard и многу други легендарни уметници. Мајк Фриленд со љубов се сеќава на него како на „проклето добар пејач!“. Чест ни е што продолжуваме да ја свириме неговата музика и секогаш ќе се сеќаваме на него кога ќе излезат првите ноти од „Warhead“. Нашето најдлабоко сочувство е до семејството на Пол, пријателите и многуте обожаватели низ целиот свет кои ја сакаат неговата музика.

Foto: Printscreen/Instagram/more_band_official

To top