Мегафон тажна вест

Почина новинарката Анета Ѓошевска

Почина новинарката Анета Ѓошевска

Се известуваат сите роднини, пријатели и колеги, дека по доцна вчера попладне, почина Анета Ѓошевска.

Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година.

Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методи

Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија.

Ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.

Посмрните останки ќе бидат изложени денес во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел

To top