Ерика Еш, која глумеше во франшизата „Страшен филм“, почина на 46-годишна возраст по долга борба со ракот, потврди нејзиното семејство.
„Ерика беше неверојатна жена и талентиран забавувач, таа допре многу животи со својата остра духовитост, хумор и искрена желба за живот“, велат од нејзиното семејство.
Актерката почина во неделата во Лос Анџелес.
Позади себе ја остави нејзината мајка Дијан и сестрата Адриен.
фото: preentscreen/YouTube/instagram