На популарната Фејсбук страница „Бардовите на македонското глумиште“ осамна тажна вест за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска.
-Со длабока тага ја примивме веста за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот Народен Театар во Скопје. На јавноста позната по улогите во Македонските народни приказни; Еурека; Тврдокорни; Солунски патрдии; Последната македонска елегија итн… Изразуваме длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите… Вечна слава и незаборав, пишува во објавената информација.
Сочувство до нејзиното семејство, колегите и пријателите.
фото: printscreen/faceboook/Бардовите на македонското глумиште